Македонија нема капацитет за справување со природните непогоди

Македонија е земја подложна на природни катастрофи како што се земјотреси, пожари, непогоди предизвикани од климатските промени, поплави, но и терористички закани.

Се вчитува...

Истражувањата покажуваат дека во земјава постои нефункционалност во однос на справување со овие ризици, а сегашните ресурси немаат капацитет за справување со природните катастрофи.

Токму затоа во Македонија е потребна итна промена на стратегијата за национална безбедност и одбрана, преку која ќе се исправат сегашните недостатоци.

На трибината на која се дискутираше за “Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи во Македонија” беше посочено дека слабостите главно се утврдени во преклопувањето на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, лошата координација меѓу институциите, недостатокот од навремен одговор од локалните власти, но и партизацијата на институциите задолжени за справување со непогодите.

Горан Симоновски

Извор: Сител телевизија