Македонија

Македонија се гуши – Скопје, Кичево, Струмица најзагадени

Мерните станици повторно покажуваат дека воздухот е над-нормално загаден, а моментално најзагадено е кај Ректоратот при УКИМ во Скопје со измерени 517 µg/m3.

Во Кичево вечерва се измерени 423 µg/m3, во Струмица 396 µg/m3, а загадени се и Гостивар, Тетово и Битола.

Според интернет страницата Ер вижуал (www.airvisual.com) Скопје се наоѓа на 10-то место по загаденост во светот.

Препораки: Избегнувајте подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни