Македонија

Македонија се приклучува кон EU4Health: Нов чекор кон европски стандарди во здравството

Македонија се приклучува кон EU4Health: Нов чекор кон европски стандарди во здравството

Република Северна Македонија прави значаен чекор кон поголемо поврзување со европските здравствени стандарди преку пристапувањето кон програмата EU4Health, информира министерот за здравство Азир Алиу.

Алиу денеска се сретнал со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, при што разговарале за значењето на приклучувањето кон европската програма која отвора можности за модернизација, поддршка и развој на здравствениот систем.

Според министерот, членството во EU4Health претставува потврда дека реформите во здравството што се спроведуваат во земјата добиваат поширока европска рамка.

„Пристапувањето кон EU4Health е порака дека темелните реформи што ги започнавме дома добиваат европска рамка: дигитализација, превенција, подобра подготвеност за кризи, квалитет и безбедност на пациентите, посилни институции и повеќе можности за здравствените работници“, посочи Алиу.

Тој нагласи дека целта е македонскиот здравствен систем да стане дел од европскиот здравствен простор, со систем кој постојано се подобрува, се поврзува со европските практики и се развива според современи стандарди.

Пристапувањето кон програмата треба да овозможи поголема соработка со европските партнери, нови можности за проекти и дополнителна поддршка во клучни области од здравството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни