Македонија со четворица спортисти на ЗОИ Милано – Кортина 2026

Македонија ќе настапи со четири спортисти на претстојните XXV Зимски олимписки игри што во февруари ќе се одржат во Милано и Кортина во Италија. Македонскиот олимписки комитет денеска официјално го потврди составот на националната делегација.

Според соопштението, нашите претставници избориле олимписки норми во две дисциплини – нордиско трчање и алпско скијање.

Се вчитува...

Во нордиските дисциплини (крос-кантри) ќе настапат:

Ана Цветановска – спринт и интервал старт на 10 км

Ставре Јада – спринт и интервал старт на 10 км

Во алпското скијање македонските бои ќе ги бранат:

Јана Атанасовска – слалом и велеслалом

Мирко Лазарески – слалом и велеслалом

Од МОК оценуваат дека спортистите покажале „исклучителна посветеност“ во квалификацискиот циклус и дека се подготвени да настапат против најсилната светска конкуренција.

Комитетот апелира до јавноста и медиумите за поддршка на нашите олимписки претставници. Официјалните информации, резултати, фотографии и ексклузивни содржини од игрите ќе бидат објавувани преку каналите на МОК.

Повеќе детали се достапни на официјалната веб-страница mok.org.mk, како и на социјалните мрежи на Македонскиот олимписки комитет.