Алармантна загаденост вечерва во прилепскиот регион. Според апликацијата „Мој воздух“, во Прилеп во моментов има ПМ10 честички дури 1012 микрограми на метаркубени, а дозволени се 50 микрограми!
Речиси и во сите други градови загаденоста е далеку над дозволеното.
Синоќа Скопје беше најзагаден град во Светот, а Битола утринава се разбуди како најзагаден град во Европа.
Останува да се види каква ќе биде ситуацијата во следните денови, и дали ќе бидат превземени мерки против загадувањето.
