Македонија

Македонија во портокалова фаза до среда, потоа зголемена облачност, дожд и грмежи

УХМР информира дека до среда (27.07) подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

И во Скопското подрачје до крајот на овој период ќе биде многу топло и ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

Во среда во попладневните и вечерните часови ќе има зголемена облачност и услови за локален пороен дожд и грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни