Македонската фудбалска репрезентација на натпреварот против Лихтенштајн ќе играат во темни дресови.
Тие ќе трчаат на теренот Вадуц со црни тренинг-маички како почит и длабоко сочувство за загинатите и повредените во катастрофалниот пожар кој се случи во дискотека во Кочани.
Инаку, нашите „рисови“ важат за големи фаворити на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн, а играчите ќе се обидат да извојуваат важна победа која ќе биде посветена на цела Македонија.