Македонија

Македонски државјанин фатен со лаптопи во вредност од 13 илјади евра на Богородица

Македонски државјанин фатен со лаптопи во вредност од 13 илјади евра на Богородица

На граничниот премин Богородица е спречен обид за криумчарење на десет преносни компјутери од марката „Dell“, во вредност од околу 13 илјади евра, соопштија надлежните институции.

Случајот бил откриен од царинските службеници при влез во државата, откако поради основано сомнение извршиле детална контрола на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од македонски државјанин.

При претресот, на повеќе скриени места во возилото биле пронајдени нови лаптопи, кои претходно биле подигнати во Солун од карго-компанија. Според истрагата, осомничениот имал намера да ги внесе уредите во државата без соодветно пријавување, откако претходно ги сокрил во возилото на паркинг во Грција.

Од Царинската управа информираат дека против лицето е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поради основано сомнение за кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Царинските органи најавуваат дека продолжуваат со засилени контроли со цел заштита на финансиските интереси на државата и спречување на нелегален увоз на стоки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни