Претставници на фондацијата „Тате Новосаѓани“ денеска на девојката Нина Нинковиќ и подарија постер со нејзиниот лик, дело на македонскиот дизајнер Зоран Кардула.
Веста за Нина се рашири кога се дозна дека таа собира пари за лекување на нејзиниот татко продавајќи крофни . Луѓето од Србија, но и од регионот започнаа кампања за собирање средства.
Во изјава за Мој Нови Сад, мајката на девојчето, Наташа Нинковиќ, вели дека се собрани пари за патување, сместување и за преглед на клиника во Москва.
– Се појави информација дека веќе сме во Русија, но тоа не е точно . Датумот на прегледот и заминувањето за Москва допрва треба да се одреди – објасни Наташа и додаде:
– Не очекувавме ваква реакција од јавноста. Зоран се уште е под влијание на емоциите и не може да поверува дека тоа се случило. Сега има надеж за опоравување.
Наташа Нинковиќ истакна дека нема да ја носи својата ќерка Нина во Русија, бидејќи веруваат дека тоа би и било товар.
– Сакав да ги промовирам семејните вредности, а мотивот беше љубовта на ќерката кон нејзиниот татко. Затоа почнавме да продаваме крофни. Сите бевме преместени на Плоштад Слобода, кога волонтери продаваа крофни. Кога стигнавме, сите немо гледаа, дури и очите на мажите беа полни со солзи – изјавила мајката на Нина.
Наташа рече дека по прегледот ќе ја информира јавноста за понатамошниот тек на лекувањето.
Бидејќи за лекување веројатно ќе бидат потребни повеќе пари, граѓаните сега можат да донираат пари преку фондацијата „Старт живот“ со испраќање СМС со содржина 161 на бројот 3800. Зоран Нинковиќ боледува од автоимуна болест, која се развила по повреда на окото.
Потсетуваме, плакатот со ликот на Нина е направен откако познатиот македонски дизајнер Зоран Кардула видел фотографија од девојче од Плоштад Слобода и сакал на свој начин да придонесе и да ја овековечи малата Нина со крофни. Постерот набрзо ги преплави социјалните мрежи.