Во новиот буџет кој го усвои Владата, а треба да го помине и собранискиот филтер предвидени се пари за покачување на пензиите. Ова вечерва во телевизиско интервју за Сител го најави премиерот Димитар Ковачевски.
„Покрај помошта, оваа година пензијата ја зголемивме за 10 проценти и со променатата методологија а пресметка за март наредната година ќе има зголемување од дополнителни 6 проценти, што е зголемување за 16% за една година“, рече Ковачевски.
Тој истакна дека веќе е донесена одлуката за цена на електрична енергија што ќе биде дадена на прехранбената индустрија, со цел цената на прехранбените производи, како брашното и лебот, да биде 10 проценти помала.
„Тие ќе се снабдуваат преку ЕСМ за 80 евра по киловат час. Таа цена ќе стабилна, предвидлива и ќе доведе до намалување на производите, што пак ќедоведе до намалување на инфлацијата во делот на прехранбените производи“, додаде Ковачевски.
Тој го повтори апелот за штедење на електрична енергија.
-Време е на штедење, а не на изобилие. Сите средства кои се во буџетот се насочени за најранливите категории на граѓани, рече Ковачевски.