Балкан

Македонци внимавајте! Лажни веб страници за сместувања покрај Јадранско море

Македонци внимавајте! Лажни веб страници за сместувања покрај Јадранско море

Полицијата од Кемптен, Германија, ги предупредува туристите кои резервираат одмор во Хрватска да внимаваат на лажните веб-страници кои нудат сместување на јадранскиот брег.

Како предупредување го наведуваат примерот на две семејства од Алгау кои деновиве требало да уживаат на одморот во Хрватска.

Но, се се претвори во фијаско. Едно од семејствата ги платило парите за станот преку лажна веб-страница која била направена „да личи на веб-страница на реномиран давател на услуги“.

Како што соопшти полицијата, првиот контакт со „сопственикот во Хрватска“ го оствариле преку оглас на интернет. Станот е изнајмен „преку провајдер за разговор и е-пошта“.

Семејствата требаше да платат половина од киријата. Едно семејство платило трицифрена сума.

За среќа, другото семејство навреме ја препознало лажната понуда и не ја платило однапред бараната кирија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни