Балкан

Макрон накратко го одложи патувањето во Албанија, пристигнува на билатералниот дел од посетата

Макрон накратко го одложи патувањето во Албанија, пристигнува на билатералниот дел од посетата

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го одложи патувањето во Тирана, каде што ќе се одржи самитот за Балканот , по терористичкиот напад во францускиот Арас во кој загина наставник и поради ситуацијата на Блискиот Исток , соопшти денеска Елисејската палата. Сепак, тој ќе пристигне попладне во главниот град на Албанија .

Францускиот претседател се очекуваше утре изутрина во Албанија да учествува на деветтиот самит на Берлинскиот процес, кој ги собира лидерите на Западен Балкан и неколку европски земји за промовирање политички дијалог, соработка и помирување во регионот, како и приближување со Европската унија , објави „Фигаро“.

– Имајќи го предвид националниот и меѓународниот контекст , тој во албанската престолнина ќе пристигне дури во понеделник доцна попладне, за билатералниот дел од посетата, која ќе трае до вторник – соопштија од француското претседателство. До неговото пристигнување, Франција на самитот ќе ја претставува државниот секретар за Европа, Лоренс Бун .