Франција го дели шокот и тагата на американскиот народ по пукањето во основно училиште во сојузната држава Тексас, во кое загинаа повеќе од 20 лица, меѓу кои 19 деца, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе АФП.
Претседателското соопштение на Твитер потсети дека убиените деца немаат повеќе од 10 години.
Се вчитува...
„Во нивното училиште во Тексас, децата и наставниците беа убиени на најгрозоморен начин. Го споделуваме шокот и тагата на американскиот народ, како и гневот на оние кои се борат да го прекинат насилството“, додаде тој.
