Балкан

Малолетник го возел автобусот со мигранти во Бугарија кој вчера уби двајца полицајци

Малолетник го возел автобусот со мигранти во Бугарија кој вчера уби двајца полицајци

Малолетник го возел автобусот со мигранти кој удрил во патролно возило и уби двајца полицајци во Бургас, Бугарија.

Пријавено е едно лице, сириски државјанин, малолетно лице, за кое е утврдено дека управувал со автобусот кој намерно ја предизвикал смртта на двајцата полицајци“, изјави обвинителката Соња Петрова.

Според неа, случајот е оквалификуван како особено сериозен.

Казната предвидена за делото е од 3 до 10 години, бидејќи лицето е малолетно.

Поднесени се вкупно три пријави, а останатите може да добијат казна затвор од 1 до 6 години и парична казна од 5 до 20 илјади лева.

Едниот од приведените е со привремен, а другите со статус на постојан жител. Нивните пријави се за незаконско помагање на странски државјани.

Против сите приведени е одредена мерка до 72 часа, по што ќе се бара траен притвор.

Се појаснува учеството на бугарски државјанин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни