Македонија

Малолетник од скопско Студеничани нападнат од неколку малолетници, го снимале настанот па го објавиле!

Малолетник од скопско Студеничани нападнат од неколку малолетници, го снимале настанот па го објавиле!
Фото: 4news.mk

На 13.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(43) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 12.05.2026 околу 09:30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Студеничани, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал и кои го снимиле настанот со мобилен телефон, а потоа го објавиле на социјална мрежа.

За настанот е известен јавен обвинител и инспектор за малолетници. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни