Манчевски: Два-три случаи на вработување во администрацијата не значат непотизам

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за изборот на Нури Бајрами за член на Државната комисија за спречување на корупција рече дека ако јавноста смета дека изборот на Бајрами е голем проблем требало да се реагира додека траел изборот, како што се реагираше и за многу други кандидати и се надоврза со коментар дека два-три случаи на вработување во администрацијата не значат непотизам.

-Оваа мешана комисија ги оценила овие кандидати за најдобри. Следниот период на функционирање на оваа комисија, особено вопредизборен период ќе покаже колку е искрена намерата на било кој да се бори против корупцијата, рече Манчевски.

Министерот истакна дека 10 години сите членови на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им беше забрането да се врабуваат во јавен и приватен сектор.

-Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата. Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа, рече Манчевски.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното