Манчевски: Со буџетот за 2019-та ги испорачуваме резултатите кои од нас ги бараат граѓаните

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција го презентираше предлог буџетот на МИОА, за 2019-та година.

Вкупниот буџет на МИОА за 2019-та година изнесува 1.554.840.000, и бележи мал пораст во споредба со буџетот за минатата година, кога изнесуваше 1.486.050.000 денари. И оваа година, како и претходната, најголемиот дел од овие пари, односно 77% се предвидени за финансирање на МРТВ, МРД и АВМУ.

Се вчитува...

„Праксата од минатата година, за што е добиена потврда и од засегнатите страни, покажува дека на овој начин, преку обезбедување на пари од буџетот, МРТВ, АВМУ и МРД, добиваат редовни, предвидливи средства. Сега тие имаат можност, долгорочно да ја планираат својата работа и програма и имаат автономна и независна уредувачка политика“, истакна министерот Манчевски.

Како што посочи министерот Манчевски, во текот на 2018-та година, беа изработени повеќе стратегии како што се Стратегијата за реформа на јавната администрација, Стратегија за отворени податоци 2018-2020, Национална стратегија за сајбер безбедност 2018-2022, Национален план за управување со квалитетот во јавниот сектор 2018-2020. До крајот на оваа година ќе се финализира и Стратегија за широкопојасен интернет, а на средината од наредната година ќе имаме и нова Национална долгорочна ИКТ стратегија.

„Тука мислам на процесот на воведување на критериуми за висока раководна служба и изработка на нов закон. Хоризонталната функционална анализа на органите на државната управа е уште еден комплексен процес што активно ќе се реализира во 2019та година за што имаме обезбедени финансии од надворешни донатори. Во телот на информатичкото општество, тука е имплементирањето на акцискиот план за сајбер безбедност, за што се обезбедуваат пари, повторно од надворешни донатори“, информираше министерот Манчевски

Извор: ТВ21