Јасна Мандиќ денеска е на распит кај обвинителката Вилма Рускоска за „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13, првообвинет во случајот „Рекет“.
Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старeчки домови, за кои бизнисмени како Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски наседнале и инвестирале првиот околу 700 илјади евра, Амзоски околу 200 илјади евра, а биле рекетирани и други бизнисмени.
Утре исказ треба да даде и пратеничката Фросина Ременски.