Манескин ги откажа концертите во Русија: „Ние сме скршени и солидарни со Украинците“

Манескин групата ги откажа најавените концерти во Русија.

Минатогодишните победници на Евровизија се огласија на социјалните мрежи. Напоменуваат дека ги пропуштиле настапите и дека едвај чекаат да започне нивната турнеја, но ќе ја заобиколат Русија во знак на солидарност со народот на Украина.

 

„Многу е тешко да се најавуваат настапи додека во Украина се води страшна војна во која страдаат невини луѓе. Ние сме уништени и солидарни со Украинците“, велат членовите на Манескин.

„Поради одлуките на луѓето од власта, кои влијаат на животите на огромен број невини луѓе, нема да настапуваме во Русија. Сите треба да се залагаме за мир, сега и секогаш“, додаваат тие.