Македонија

Маричиќ денес е домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска

Маричиќ денес е домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе биде домаќин на неговите хомолози од Ирска и Финска,Томас Бирн, и Тити Тупураинен, со кои ќе оствари работна средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција.

Во фокусот на разговорите ќе биде пристапниот процес на Северна Македонија во Европската унија, новиот француски предлог, дијлогот со Бугарија, како и унапредувањето на билатералната соработка и односите во регионот.

Во рамките на нивната еднодневна официјална посета на Скопје, ирскиот министер за европски прашања,Томас Бирн, и министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, ќе остварат средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по што делегациите ја продолжуваат својата мини турнеја на Западен Балкан во соседна Албанија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни