Марихуана има и во грмушки – полицијата пронајде ќесе со 10 килограми во тетовско
Вчера (19 октомври) околу 14 часот и 10 минути, на локален пат што ја поврзува тетовската населба Дреновец со селото Ѓермо, во грмушка на земјен пат, полициски службеници на СВР Тетово пронашле ќесе во кое имало околу 10 килограми марихуана.
Извршен бил увид, а пронајдената марихуана била подигната за вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни