Свет

Марија и Ана тврдат дека го виделе нападот врз премиерот на Данска

Марија и Ана тврдат дека го виделе нападот врз премиерот на Данска

Марија (18) и Ана (17) тврдат дека го виделе нападот на данската премиерка Мете Фредериксен, која во петокот попладне во центарот на Копенхаген ја нападна непознат маж.

Тие сведочат дека виделе човек како силно го турка премиерот на улица.

Посочуваат дека нападот на премиерката се случил додека таа се движела по улицата кон плоштадот.

„Човекот доаѓаше од спротивната страна и силно ја турна по рамо, толку што таа за малку ќе паднеше“, изјавија за медиумите Марија и Ана.

Нивното сведочење не беше потврдено од кабинетот на премиерот.

Досега кружеше приказната дека премиерот бил претепан.

Исто така, од кабинетот не коментираат дали Фредериксен е повредена во нападот, било кажано само дека била во шок.

Едно лице е приведено, а полицијата потврди дека го истражува целиот случај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни