Свет

Маркарова: Русија е терористичка држава и ја води воен злосторник

Маркарова: Русија е терористичка држава и ја води воен злосторник
Украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова денеска ја нарече Русија „терористичка држава предводена од воен злосторник“. -Знаете, јасно ни е дека Русија е терористичка држава предводена од воен злосторник, а ние работиме дење и ноќе и жестоко се бориме за да ја одбраниме нашата земја и да ја одбраниме нашата демократија, изјави Маркарова за Си-Ен-Ен. Таа додаде дека „сите треба да се соочат со правдата“. -Мислам дека ќе биде тешко да се води државата од Хаг, рече Маркарова. Амбасадорката изјави дека руските сили убиваат цивили, деца, уништуваат болници, цивилна инфраструктура и станбени куќи насекаде. -Тоа е дело на воен злосторник, затоа отворивме истрага во Украина и затоа Украина поднесе обвиненија до сите меѓународни судови. И да, Владимир Путин, заедно со сите, секој Русин кој е одговорен, поради ова ќе мора да заврши во затвор, рече Маркарова.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни