Марковски: Ако немате симптоми, не се тестирајте

Професорот Вело Марковски смета дека треба да се тестираат само оние кои имаат симтпоми.

Тој ова го изјави вечерва на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Хаосот прави проблем. Кивне ли човек, а може од 500 причини да кивне, одма го фаќа паника, трча да се тестира… Мислам дека треба само тие што имаат симтпоми да се тестираат и заедно со серолошки тестови.

Има голем број од луѓето кои имаат антитела. Тој во следните месеци не може да се разболи, ниту да пренесе инфекција, и тој процент не е мал. Затоа оние кои немаат симптоми не треба да се тестираат“, рече Марковски.

 

.

Извор: ТВ21