Свет

Мароканецот кој дивееше со мачета во две цркви во Шпанија обвинет за тероризам

Мароканецот кој дивееше со мачета во две цркви во Шпанија обвинет за тероризам

Насилникот на нападот со мачета врз две цркви во шпанскиот град Алхесирас денеска е обвинет за тероризам и е испратен на прелиминарно апсење, пренесоа светските агенции.

Напаѓачот е идентификуван како Јасин Кањаа, 25-годишен Мароканец. Во моментот на нападот бил свесен што прави и имал намера да нанесе голема штета.

Мароканецот не е поврзан со терористичка организација, но неговите постапки се инспирирани од идеите на џихадизмот. Со своите постапки тој имаше за цел да го дестабилизира јавниот ред и поради оваа причина треба да биде сфатен како терористички чин, соопштија шпанските власти.

Во нападот минатата недела, Кањаа уби црковен службеник и рани четворица други.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни