Мултимилионерот и извршен директор на Tesla , Илон Маск , најави дека сака да укине околу 10 отсто од работните места на Tesla.
Патем, оваа компанија се занимава со производство на електрични автомобили.
Ова го изјави Маск вчера преку електронска пошта, наведувајќи дека е неопходно да се паузира вработувањето ширум светот, пренесува Ројтерс.
Е-поштата е испратена два дена откако најбогатиот човек на светот им рекол на вработените дека мора да се вратат на работа или да ја напуштат компанијата.
Според официјалните податоци, компанијата Тесла на крајот на 2021 година вработувала околу 100.000 луѓе.
https://twitter.com/jlitwinetz/status/1532654196788453376?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1532654196788453376%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Favaz.ba%2Fglobus%2Fsvijet%2F747783%2Fmask-najavio-otpustanja-u-tesli-evo-zbog-cega
– Секој во Тесла мора да поминува најмалку 40 часа неделно. Доколку не се појавите, ќе претпоставиме дека сте поднеле оставка – напиша Маск.
Компанијата одби да ги коментира најавите на Маск, пишува CNN Business.
Острото предупредување на Маск за потенцијална рецесија и штетен ефект за производителите на автомобили е најдиректната и најизразена прогноза од ваков вид во индустријата.
Додека расте загриженоста за ризикот од рецесија, побарувачката за автомобилите на Tesla и другите електрични возила останува висока.