Маск: Се тестирав четирипати во еден ден – два теста позитивни, два негативни

Челникот на Тесла, Илон Маск објави дека бил тестиран за коронавирус четирипати во ист ден и притоа, два теста биле позитивни и два негативни.

 „Нешто сомнително се случува. Бев тестиран четирипати денеска. Резултатот двапати беше позитивен, двапати негативен. Иста машина, ист тест, иста сестра…”, објави Маск на Твитер повикувајќи се на брзиот тест на „Бектон Дикинсон ко.“

Тој кусо потоа додаде дека има симптоми на настинка. 

.

Извор: ТВ21

  • Ознаки
  • 1

Поврзани вести

spot_img

Најважното