Неуспехот на системот доведе до прекин на сите домашни летови на територијата на САД, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Федералната управа за авијација.
Повеќе од 100 летови се откажани утринава по американско време, а уште илјадници се масовно одложени.
Федералната влада соопшти дека веќе работи на враќање на системот што ги предупредува пилотите за опасности и промени во аеродромските капацитети и процедури. Во моментов, програмата не ги обработува доставените информации.
Белата куќа коментира дека во моментов нема докази за сајбер напад што предизвикал пад на системот.