Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

Девет лица се приведени по жестока тепачка што се случила ноќеска на Осломешка крстосница во Кичево, во која биле употребени ножеви и дрвени предмети.

Инцидентот се случил околу 01:30 часот, кога повеќе лица влегле во меѓусебна физичка пресметка. Според информациите, во тепачката две лица се здобиле со расекотини и повреди.

Полицијата интервенирала и неколку часа подоцна, околу 03:40 часот, привела деветмина учесници. Станува збор за млади лица од Прилеп, Битола и Кичево, кои биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кичево.

По целосно расчистување на случајот, надлежните најавуваат соодветни пријави против сите инволвирани лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни