Низ социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа како маж и жена бркаат друго лице во Т.Ц. Лептокарија во Скопје, а жената во раката има сатар.
Според неофицијални информации, лицето одбило да ја плати сметката во еден угостителски објект во трговскиот центар, по што мажот и жената се решиле да ја земат работата во своите раце.
Потоа во друго видео постирано од истиот корисник на „Фејсбук“, се гледа дека мажот го зема сатарот, и го брка лицето.
Од МВР ја потврдиле случката, и истакнаа дека работат на расчистување на случајот.