Македонија

Маж тешко повреден откако со возило удрил во бетонски скали во Велес

Маж тешко повреден откако со возило удрил во бетонски скали во Велес
ФОТО 4NEWS.MK

На 03.03.2026 во 09:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Сараевска“ во Велес, патничко возило „форд ескорт“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(77) од Велес, удрило во бетонски скали од куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Н. , констатирани во Градска општа болница.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни