Еден човек загина откако удри со луксузен автомобил во Бранденбуршката порта во Берлин, соопшти германската полиција, цитирана од Асошиетед прес.
На фотографиите од местото на несреќата се гледаат смачканите остатоци од возилото меѓу два столба на популарната знаменитост.
Засега не се објавени детали за идентитетот на возачот.
Според првичните информации, во несреќата, која се случила нешто пред полноќ, нема загинати или повредени. На конструкцијата на споменикот на културата не се констатирани значителни оштетувања.