Македонија

Меџити во #ClickPlus: ВМРО и СДСМ многу често за да ги сокријат нивните скандали ги напаѓаат албанските партии

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во вечерашното прво издание од новата сезона на дебатната емисија #ClickPlus на ТВ21 зборуваше за отворањето на постапката од антикорупциската комисија за Блерим Беџети, со што направи паралела дека секогаш кога СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да сокријат некаков нивен скандал, отвораат случаи против албански функционери.

Меџети додава дека тие две партии го контролираат и судството и повеќето од институциите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни