Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
Македонија

Медицинска сестра од КАРИЛ со апел: Дарувањето органи значи нова шанса за живот

Медицинска сестра од КАРИЛ со апел: Дарувањето органи значи нова шанса за живот

Медицинските работници кои секојдневно се соочуваат со најтешките животни ситуации испратија нов апел до граѓаните за поддршка на органодарителството. Во рамки на националната кампања за подигнување на свеста за дарување органи и трансплантација, медицинската сестра Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ја нагласи важноста на хуманата одлука која може да спаси повеќе животи.

Столевска, која е дел од тимот за трансплантација на органи, упати благодарност до семејствата кои во моменти на голема лична болка одлучуваат да донираат органи и на тој начин да им овозможат нова шанса на пациенти што чекаат трансплантација.

„Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи, најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите кои се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување органи. Во тие моменти тие се соочуваат со голема загуба, а истовремено придонесуваат за продолжување на нечиј друг живот“, истакна Столевска.

Таа апелираше до граѓаните почесто да размислуваат за органодарителството, потсетувајќи дека секој може да се најде во улога и на донор и на пациент.

Министерот за здравство Азир Алиу посочи дека кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ продолжува со цел дополнително да се зајакнат јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа важна тема.

Според него, неодамнешните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш покажале дека зад секој спасен живот не стои само врвна медицинска експертиза, туку и исклучително хумана одлука.

„Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ја гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите кои чекаат трансплантација“, порача Алиу.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни