Македонија

Медицинските сестри незадоволни од покачувањето: „Историскиот договор ќе не однесе во историја“

Медицинските сестри не се согласуваат со покачување на платите за 10%. Договорот за повисоки плати за 10%, кој министерот за здравство, Венко Филипче, го оцени како историски, ќе ги однесе медицинските сестри во историја, вели претседателката на Унијата на медицински сестри, Гордана Бешлиоска. Според неа, ова покачување не соодветствува со барањата на сестрите и не е линеарно со останатите покачувања во здравство. Медицинска сестра со средно образование има почетна плата од 16.500 денари, што значи дека со покачувањето од 10% би земале само 1.650 денари повеќе.

Од Унијата велат дека нивната работа е значајна и рамноправна со останатите здравствени работници.

Како што велат од Унијата на здруженија на медицински сестри, минатата година е постигнат договор Министерството да ги покачи платите на медицинските сестри за 8%. Од јуни минатата година почнале да земаат само 5% повисока палта. Се надеваат дека покачувањето од останатите 3% ќе почне од ноември, како што им било ветено од Министерството за здравство.

Унијата, со претставници од сите здруженија во Македонија денеска се сретнаа со здравствените синдикатите и институции, со цел да постигнат договор за повисоки плати за медицинските сестри.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни