Медицинските тимови демонстрираа симулациска вежба на спасување при поплава во Куманово

Денеска во Куманово се одржа симулациска вежба на подготвеност на медицинските тимови при поплава, на која што присуствуваше и министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Организатор на вежбата беше министерството за здраство, со поддршка на светската здравствена организација и фондот за населени на ОН.

Се вчитува...

„Целта на симулациската вежба е да се одговори на потребите и за време на поплава, но да се зајакнат капацитетите на тимовите за укажување итна медицинска помош. Резултатите беа одлични, за 35 минути Итната помош успеа да направи транспорт до болница на 14 лица, а за вкупно 55 минути беше направена тријажата. Секако ги поддржувам ваквите настани кои зборуваат за способноста на медицинскиот кадар. Честитам на одличната организација и на сите учесници во неа кои придонесоа вежбата да изгледа реално, изјави министерот Филипче.

Извор: ТВ21