Екипата на ТВ21, фото-репортерска екипа од порталот „Република“ и други медиумски екипи денеска беа попречени да влезат на мостот „Слобода“ во Скопје каде во 12 часот се одржуваше манифестацијата „Водици 2019“.
Екипата на ТВ21 со прес акредитација од медиумот и легитимација од Здружението на новинари неколку пати се обиде да пристапи до мостот, но бевме попречени поради како што ни беше речено дека се потребни посебни акредитации за пристап на мостот.
Иако од новинарот на ТВ21, им беше потенцирано дека новинар со новинарска легитимација има право да се движи и пристапи на мостот како што и изминатите години беше пракса, сепак од обезбедувањето на настанот рекоа дека имаме ограничено движење.
Контактиравме и со МПЦ – Охридска Архиепископија од каде ни кажаа дека денеска нема никој кој може да ни одговори на нашето прашање, но потврдија дека е потребна посебна дозвола.
Голем број од медиумите не добија никакво известување за претходна акредитирање за денешниот настан. Денешниот настан помина под видно зголемено присуство на полициски сили.
ЈОВИЦА ПАУНОСКИ
