Здравје

Медот може да ги оштети забите и црниот дроб

Медот може да ги оштети забите и црниот дроб

Медот може да помогне во смирување на болки во грлото и кашлица, лекување на гастроинтестинални заболувања, кардиоваскуларни болести, па дури и анксиозност.

Сепак, медот има и некои недостатоци.

Според една студија во International Journal of Research and Review, медот може да биде штетен за забите, бидејќи шеќерот може да го зголеми ризикот од кариес и болести на непцата. Може да биде проблематично и за луѓе со заболен црн дроб бидејќи содржи фруктоза.

„Фруктозата се апсорбира поинаку од другите извори на енергија. „На луѓето со оштетување на црниот дроб обично им се советува да избегнуваат алкохол и да го ограничат внесот на фруктоза поради оваа причина“, велат експертите.

Медот може да има спротивен ефект кај алергиите.

„Во некои случаи, консумацијата на мед може да придонесе за алергиски симптоми, бидејќи за високо чувствителните луѓе, внесот на полен, дури и во мали количини, може да предизвика локални симптоми како што е чешање во устата“, вели алергологот Лакиа Рајт.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни