Свет

Медведев: Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина

Медведев: Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев повторно и се закани на Украина.

Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија, напиша Медведев на Телеграм.

Заканите од Медведев уследија уследи откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не е подготвен да преговара со Москва додека Русија поставува ултиматуми.

Претходно, Зеленски во интервју за Си-ен-ен изјави дека сега не е подготвен да преговара со Москва.

– Тоа е мојот принцип, не разговарам со тие кои поставуваат ултиматуми, изјави Зеленски, додавајќи оти Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни