Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска прослави 20 години од формирањето, јави ДПА.
Во говорот по повод годишнината, генералниот обвинител Карим Кан истакна дека наводните воени злосторства во Украина ќе треба да бидат истражени и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Тој исто така рече дека неговата канцеларија тесно соработува со украинската правда.
Се вчитува...
Договорот за основање на МКС стапи на сила на 1 јули 2002 година и оттогаш е потпишан од 123 земји, иако некои светски сили, вклучувајќи ги САД и Кина, не го признаваат.
Украинската војна му даде ново значење на судот, кој долго време беше критикуван дека е неефикасен, забележува ДПА.
