Познатата статуа на Кристофер Колумбо која се наоѓа среде Мексико Сити ќе биде заменета со отелотворение на жена староседелка, соопштија властите во пресрет на 200-годишнината од независноста на Мексико.
Националниот институт за антропологија и историја соопшти дека ликот на познатиот италијански морнат, кој беше отстранет минатата година откако демонстранти започнаа да го уриваат, ќе биде преместен на безбедно и достоинствено место
Тој ќе биде заменет со скулптура од жена од народот Олмеци, односно древна мезоамериканска племенска заедница, која живеела во денешно Мексико.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шајнбаум истакна дека новата статуа е изработена од мексиканскиот уметник Педро Рејес.
„Домородните жени се можеби најнеправедно претставени во историјата на Мексико, односно им е оддадено најмалку признание. Оваа одлука е и чин на социјална правда, како и признание за 500 години отпор на староседелците од освојувањето од страна на Шпанија“, додаде таа.
Инаку, минатата година активистите одржаа протест наречен „Ајде да го урнеме“, на 12 октомври, односно на датумот што го одбележува доаѓањето на Колумбо во Америка, 1492 година. Во Мексико, овој датум се слави како Ден на натпреварот – во знак на мешаното домородно и европско наследство на земјата.
Статуата во Мексико Сити, која беше оштетена и во 1992 година, првпат е поставена на авенијата „Реформа“ во 1877 година. Министерството за култура при отстранувањето изјави дека статуата е тргната заради реставрација.