Менкиноски: Сугаревски тврди дека „Топлик“ нема предизвикано материјална штета, ЈО да се откаже од предметот

Претседателот на правната комисија при ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски побара од Обвинителството да се откаже од предметот „Топлик“ бидејќи Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски потврдил дека нема предизвикано материјална штета.

Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на документ кој го испратил како одговор Министерот Горан Сугаревски до Државниот правобранител на Република Македонија, а во дописот кој беше доставен и до новинарите Сугаревски образложува дека во предметот „Топлик“ нема материјална штета.

Се вчитува...

Од опозициската партија најавуваат кривични пријави против СЈО бидејќи биле прикриени докази кои биле на штета, но и во полза на обвинетите во случајот на СЈО „Топлик“.

Извор: ТВ21