Свет

Месец вонредна состојба во Перу

Месец вонредна состојба во Перу

Министерот за одбрана на Перу прогласи вонредна состојба на национално ниво, која ќе стапи на сила во следните неколку часа и ќе и овозможи на армијата да и помогне на полицијата да ја одржува јавната безбедност по една недела насилни протести и блокади на патиштата, пренесе Ројтерс, цитирајќи од БТА.

Протестите беа поттикнати од соборувањето на претседателот Педро Кастиљо на 7 декември по гласањето за импичмент. Кастиљо, левичарски политичар избран минатата година, беше уапсен откако се обиде незаконски да го распушти Конгресот на јужноамериканската земја, што е уште една политичка криза со која Лима се соочи во последниве години. Поранешниот потпретседател Дина Болварте по неговата смена положи заклетва и ја презеде претседателската функција.

„Се договоривме да прогласиме вонредна состојба низ целата земја поради вандализмот и насилството. Ова бара силен одговор од владата“, изјави за новинарите новоименуваниот министер за одбрана Алберто Отарола. Тој додаде дека тоа ќе значи ограничување на одредени слободи, вклучително и правото на собирање, неповредливоста на домот и слободата на транзит.

Обвинителите рекоа дека бараат 18 месеци притвор за Кастиљо, кој е обвинет за немири и заговор. Врховниот суд на Перу се состана за да го разгледа барањето, но го одложи неговото сослушување за утре.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни