Македонија

Мештаните од Костурник сами си изградија училиште, девет годишниот Алтан донираше 5 евра за своето ново училиште

Учениците од кумановското село Костурник, го напуштаат стариот објект и од денеска влегуваат во нова училишта зграда. Новото училиште го изградија жителите на селото, кои потребните средства ги собраа од разни донатори. Највпечатливиот момент од оваа сторија е 9-годишниот Алтин, кој од големата желба за ново училиште донираше 5 евра.

„Бидејќи сакав да го средиме училиштето и бидејќи сакав да имам ново училиште, за да можам да учам подобро“, изјави Алтин, ученик во трето одделение.

„Ми ја виде тетратката во која собирам пари за изградба на училиштето. Помогна. Ми потекоа солзи и ми рече – еве чичко од мене 5 евра, запиши ме во тетратката“, изјави Ќаил Ќаили, претседател на месната заедница.

Надлежните институции не им излегле во пресрет. Вратите на старото училиште  се затворија. Ниту Министерството за образование, ниту општина Куманово не помогнале од материјален аспект.

„Помош понудија од општината за приклучување на струјата и легализација на објектот. Ова е помошта од општината. Но, од Министерството за образование не добивме никаква помош“, додаде Ќаили.

Учениците среќни што ќе седнат во нови училишни клупи, се надеваат на поквалитетна настава сега кога веќе нема да има потреба неколку паралелки да учат во мал простор.

„Четврто и второ одделение учевме заедно. Петто и трето, а првото одделение учеше во канцеларија. Многу ми се допаѓа што сега ќе имаме подобри услови. Ни се допаѓаат клупите, столчињата, прозорците, греењето. Сѐ ни се допаѓа.“, изјави Алмир, ученик во четврто одделение.

„Бевме 10 ученици во една училница и беше многу тесно. Сега е многу подобро во новата училница.

Феми е првиот наставник во ова училиште и веќе 20 години им држи настава на децата од селото Костурник“, изјави Асмара, ученичка во четврто одделение.

„Со новиот објект се исполнети условите. Исполнети се и барањата за одржување на едукативно – образовен процес во помодерни услови“, изјави Феми Џафери, наставник.

Според претседателот на месната заедница, изградбата на ова училиште чинела околу 30 илјади евра, кое се простира на површина од 160м2 и има четири училници. Останува само училиштето да се опколи со ѕидови и дворот да се поплочи со бетонски плочки.
Уште од 1994 година кога првпат се отвори албанско училиште во овој дел, децата 24 години учеа во објект под наем и без елементарни услови. Денеска, ова училиште брои 24 ученици, кои следат настава од прво до петто одделение.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни