Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси на прес конференција низ солзи го потврди своето заминување од Барселона.
Инаку, клубот пред неколку дена соопшти дека не може да си го дозволи Аргентинецот во своите редови без притоа да ја загрози сопствената иднина.
Меси вели дека се обидел да биде понизен и да се однесува со почитување, а се надева дека тоа ќе остане негов белег кога ќе си замине од клубот.
„Никогаш не замислував дека ќе се збогувам, бидејќи вистината е дека никогаш не размислував за вакво сценарио. Сакав тоа да го направам заедно со навивачите, на теренот“, порача Меси.
Тој вели дека ПСЖ е една од опциите, но не потпишал договор со никого.
