Македонија

Метео аларм за утре: Обилни врнежи од дожд во овие делови од Македонија

Метео аларм за утре: Обилни врнежи од дожд во овие делови од Македонија

Претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд се очекува денеска во Македонија. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.

Под влијание на циклонска активност, дождливото време ќе продолжи и утре. Во најавата за периодот од сабота до вторник, УХМР прогнозира на повеќе места количества над 25 литри дожд на квадратен метар за 24 часа, а локално и над 60 литри за целиот период.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат вечерва и во текот на ноќта. За целиот прогнозиран период, од сабота до вторник, во Скопската Котлина се најавени над 40 литри дожд на квадратен метар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни