Македонија

Мијалков продолжува да нуди милиони евра за да излезе од затворот Шутка

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се уште нема решено дали ќе даде позитивно мислење за Сашо Мијалков да може да ја напушти Шутка или да даде негативно мислење и тој да остане зад решетки. Случајот според жалбата е во Кривичниот суд и чекаат Обвинителството на Вилма Русковска да одлучи дали е доволна гаранцијата за над седум милиони евра.

Мијалков, со милионска гаранција, бара неговиот притвор да биде заменет со поблага мерка. 

Мијалков е во Шутка од 26 февруари. Во случајот „Трезор“ му беше одреден притвор за набавка на опрема за прислушување, каде беше осуден на осум години затвор. Тој е во затворот Шуто Оризари скоро два и пол месеци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни