Мијалков сместен во обична ќелија, хашката му ја зафати неговиот кумашин Камчев

Сашо Мијалков во затворот Шутка е сместен во обична ќелија со други притворени лица кои не се поврзани со ниеден од предметите на СЈО.

„Обвинетото лице Сашо Мијалков не е сместен во хашките ќелии, како што ги нарекувате. Тој е сместен во ќелија на приземјето од затворот, со други осомничени лица“, изјавил за СДК директорот на затворот Шутка Ѓоко Котевски.

Хашката келија се наоѓа на горниот спрат и е зафатена од неговиот кумашин Орце Камчев кој е во притвор по барање на СЈО за предметот „Империја’.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното