Балкан

Милатовиќ: Убеден сум во победата и смена на претседателот со молив

Милатовиќ: Убеден сум во победата и смена на претседателот со молив

Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ изјави дека е сигурен во својата победа и дека единствено прашање е колкава ќе биде разликата меѓу него и кандидатот на Демократската партија на социјалистите. Мило Ѓукановиќ, пренесе МИНА.

По гласањето во Подгорица, Милатовиќ изјави дека денеска е историски ден и посака изборниот ден да помине добро.

-Верувам дека Црна Гора конечно е зрела како општество да ги смени претседателот и владата со молив. Дека конечно станавме демократски зрело и развиено општество, рече Милатовиќ.

Тој додаде дека е сигурен во својата победа, додаде црногорската агенција.

Според него, на овој начин ќе дојде до конечниот пораз на симболот на претходниот режим што владееше со Црна Гора во претходните 30-тина години.

-И дека денеска ќе направиме голем чекор напред кога станува збор за помирена, побогата, поправедна и конечно Црна Гора на сите нас, рече Милатовиќ.

Запрашан дали ќе му честита на Ѓукановиќ доколку победи, Милатовиќ повтори дека е апсолутно сигурен во неговата победа, пренесе МИНА.

Тој рече дека во првиот круг разликата била над 70.000 гласови и оти смета дека тоа за Ѓукановиќ во моментов е недостижно.

-Денес можеме само да зборуваме колку ќе биде голема разликата, а верувам дека ќе биде доста голема и дека Црна Гора конечно ќе биде, во целосна смисла на зборот, слободна земја, рече Милатовиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни