Македонија

Министерот Османи во посета на Македонското национално малцинство во Албанија

Министерот Османи во посета на Македонското национално малцинство во Албанија

Утре, недела, на 27 август, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе реализира работна посета на Албанија, каде ќе се сретне со повеќе преставници на Македонското национално малцинство и повеќе преставници на локалните самоуправи. .

Според Агендата, околу 10:00 часот министерот Османи ќе оствари средби во Тробиште и Голобрдо, а околу 12:30 минути ќе пристигне во регионот Пустец.

Во Пустец предвидени се средби со претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, како и со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски, како и посета на повеќе локации, училишта, спомен куќи, кои се од посебно значење за локалните жители.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни